Институтот Ројтерс доделува стипендии за новинари, пријавување до 31 јануари

Новинари со најмалку петгодишно работно искуство може да аплицираат за стипендии за истражувачката програма, што ги доделува Институтот Ројтерс при Универзитетот Оксфорд од Велика Британија.

Програмата им овозможува на новинари од целиот свет да реализираат истражување во Оксфорд, во период од три, шест или девет месеци, и да бидат дел од академскиот, културниот и социјалниот живот на овој реномиран универзитет. Истражувањата ќе се спроведуваат на теми што ќе ги изберат самите новинари, а под надзор на професори специјализирани во оваа област.

Покрај новинарското искуство, заинтересираните кандидати треба да го познаваат одлично англискиот јазик.

Крајниот рок за аплицирање е 31 јануари 2013г, а сите информации околу критериумите и начинот на аплицирање се достапни на следниот линк:

http://reutersinstitute.politics.ox.ac.uk/fellowships/alumni-news/news-item/article/journalism-fellowships-at-risj-ap.html