Новинарска награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината

Времетраење: 2011 -

Донатор: МИМ

Опис:

Македонскиот институт за медиуми секоја година ја доделува наградата за најдобра истражувачка сторија на годината.

Оваа традиционална награда, која започна да се доделува од 2001 година, претставува најпрестижна награда во македонската медиумска заедница.

Покрај тоа, МИМ создаде фонд за поддршка на истражувачки стории и секоја година поддржува околу 10 новинарски идеи за истражувачки стории.

ReForMedia – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера

Времетреање: 2016-2018

Донатор: Европска Унија

Опис: Целта на проектот е да придонесе кон зголемување на влијанието на граѓанското општество во развојот и спроведувањето на медиумските реформи во земјата. Финансиската поддршка за проектот е обезбедена од Европската Унија. Во активностите ќе бидат вклучени претставници на сите клучни актери во медиумската сфера, како новинари, уредници, сопственици на медиуми и други медиумски професионалци, Парламентот, Владата, регулаторните институции, саморегулаторните тела и претставници на граѓанското општество, кои заедно ќе работат на унапредување на јавните политики за подобрување на законската и институционална средина која ќе овозможи слободни и професионални медиуми. Во таа насока ќе бидат спроведени повеќе истражувања и ќе се организираат дебати на различни релевантни теми од медиумската сфера. Дополнително, ќе бидат обезбедени и мали грантови за граѓански организации кои ќе спроведуваат активности за зајакнување на медиумскиот интегритет.

Проект „Известување за граѓанското општество и неговото влијание врз промените во општеството“

Времетраење: 2016-2018

Донатор: Цивика Мобитас

Опис: Генерална цел проектот е да се унапреди квалитетот на истражувачкото новинарство во Македонија на теми од областа на граѓанското општество. Специфична цел е да се продуцираат новинарски стории на теми кои произлегуваат од сферите на делување на граѓанските организации - грантисти на ЦИВИКА Мобилитас, и кои третираат суштински проблеми на граѓаните.

Продукција на неделно интервју на Радио Слободна Европа

Времетрање: 2006 -

Донатор: Радио Слободна Европа, Прага

Опис: МИМ го продуцира неделното ТВ интервју за Радио Слободна Европа, и го организира емитувањето на една национална и 10 локални ТВ станици. Интервјуата се прават со политичари, бизнисмени, како и со експерти од областа на политиката, економијата итн.

Проект „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите“

Времетраење: 2013-2017

Донатор: Европска комисија

Опис: МИМ е една од 8те партнерски организации кои се вклучени во проектот. Партнерството на Југоисточна Европа има цел да ја подобри способноста на медиумските организации во унапредувањето на работните услови и нивото на едукација на новинарите, преку проширување на нивните знаења и вештини, и подобрување на односот кон медиумската писменост и застапувањето. Исто така, проектот има цел да ги информира и да поттикнува јавни дебати за слободата на изразување, особено за слободата на медиумите, да се зајакне поддршката на граѓанските организации и на сите засегнатите страни во реформските процесите во медиумската сфера.

Проект „Регионална награда од ЕУ за истражувачкото новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција“

Времетраење: 2015-2018

Донатор: Европска Унија

Опис: Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство има цел да ги истакне и да ги промовира извонредните достигнувања на новинарите истражувачи и да ја подобри видливоста на квалитетното истражувачко новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција. Наградата е воспоставена од Европската комисија, поконкретно од Директоратот за проширување, во согласност со Стратегијата за проширување на ЕУ, која ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на процесот на реформите, како и за одбележување на историскиот момент на пристапување кон ЕУ. Наградата од Европската Унија за истражувачкото новинарство ќе се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и Турција, во период од три години: во 2015 (наградувајќи ги истражувачките стории и достигнувања, продуцирани во 2014), во 2016 (за достигнувања во 2015) и во 2017 (за достигнувања во 2016 година). Наградата ја администрира регионално партнерство на граѓански организации, координирани од Мировниот институт во Љубљана. МИМ е национален координатор за конкурсот во Македонија.