Новинарски стории за суштинските проблеми на граѓаните

Се чита за 0 мин.

Македонскиот институт за медиуми, во партнерство со Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија, започнуваат со објавување на серијал новинарски стории на теми кои третираат суштински проблеми на граѓаните, од областа на социјална и здравствена заштита, дискриминација, заштита на животна средина, миграции итн.

Сториите ги подготвува тим на искусни новинари, во соработка со граѓански организации, кои располагаат со искуство и експертиза за конкретните општествени проблеми.

Новинарските стории се изработуваат во рамки на проектот „Известување за граѓанското општество и неговото влијание брз промените во општеството“, што го спроведуваат МИМ и СКУП со поддршка на програмата ЦИВИКА мобилитас.

Во продолжение може да ја проследите првата видео-сторија на тема:


Лица со хендикеп – сложувалка што недостасува

Родители жртвуваат кариера и даваат откази од работа само за да останат дома со своето хендикепирано дете. Зошто децата со хендикеп немаат соодветни услови за образование? Зошто не може да се спречи сегрегацијата при вработување на хендикепираните и како да престанат да се кршат нивните работнички права? Какви бариери им поставува државата? 10 до 15 отсто од граѓаните имаат некаков хендикеп, а нема кој да им излезе во пресрет. Исплашени, посрамотени и исклучени од општеството многумина од нив цел живот го минуваат затворени. Оваа видео сторија прикажува неколку животни приказни на лица со хендикеп кои го надминале тоа и недостатокот го претвориле во предност. Соговорниците потврдија дека тие се навистина сложувалката која недостасува. 

 

Сторијата со превод на албански јазик е достапна тука.