Професионални новинари и медиумски писмена публика – клучни за активно граѓанско учество во општествените промени

Се чита за 1 мин.

Медиумската писменост на публиката и образовните потреби на новинарите беа во фокусот на стручната расправа и дводневната работилница што ги организираше Македонскиот институт за медиуми, во соработка со Центарот за независно новинарство од Романија, како дел од регионалниот проект „Партнерство на Југоисточна Европа за развој на медиумите“, кој е финансиран од Европската Комисија.

Перспективите и предизвиците во однос на воведувањето на концептот на медиумска писменост во македонското општество, како и улогата на новинарско образование во афирмирање на професионализмот во новинарската професија, беа тема на стручната расправа на која учествуваа претставници на факултети по новинарство, средни училишта, регулаторното тело, медиуми и граѓански организации кои делуваат во областа на медиумската писменост.

s.rНа настанот беа претставени наодите и препораките од „Истражувањето за образовните потреби на новинарите и медиумската писменост на публиката во Македонија“, што го реализираше истражувачкиот тим на МИМ. Во однос на медиумската писменост на публиката, учесниците се согласија дека, покрај ангажманот на граѓанските организации, потребно е поактивно вклучување и на надлежните државни институции, како од апсект на воведување на медиумската писменост во образованието уште од најмала возраст, така и од аспект на едуцирање на повозрасната публика, преку кампањи од јавен интерес.

s.r2Запоставувањето на професионалните стандарди во новинарството и повеќегодишната криза во медиумска сфера негативно се одразуваат врз младите новинари и студенти кои допрва треба професионално да се надградуваат. Во таа насока, дискутантите истакнаа дека е неопходен поголем ангажман на факултетите по новинарство за подобро да ги подготват идните новинари за работа во редакциите. Според дел од учесниците, факултетите треба да обезбедат ефективен баланс помеѓу теоријата и практичните вештини, да ја зајакнат соработката со медиумите во насока на обезбедување практична работа за студентите, да ги ревидираат наставните програми со вклучување на локални примери од секојдневието и да образуваат новинари кои ќе работат етички, професионално и во интерес на јавноста.

r.a3Пред стручната расправа, беше организирана и дводневната работилница за улогата на медиумска писменост за поактивно вклучување на граѓаните во демократските процеси, која ја водеа Кристина Лупу и Јоана Авадани од Центарот за независно новинарство од Романија, како и Зоран Бојаровски, долгогодишен новинар и уредник во македонските медиуми. Учесниците се запознаа со концептот на медиумската писменост и неговото практикување во светски рамки, наспроти локалните перспективи, а дискутираа и за улогата на различните институционални и вонинституционални актери за унапредување на медиумската писменост. Тие развиваа идеи за кампањи за застапување на концептот на медиумска писменост и неговото значење за едно демократско општество.

Извештајот од „Истражувањето за образовните потреби на новинарите и медиумската писменост на публиката во Македонија“ е достапен во продолжение:

 

pdfИстражување за образовните потреби на новинарите и за медиумската писменост922.43 KB