Компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија

Се чита за 0 мин.

Неопходно е да се отвори јавна дискусија за темелна реформа на сите аспекти на функционирањето на јавниот сервис Македонска радио-телевизија и за натамошниот развој на Куќата, со цел таа да стане современ европски јавен сервис. Изборот на членови на Програмскиот совет на јавниот сервис треба да се спроведува преку јавен конкурс со цел да се намалат директните политички влијанија, а сите засегнати страни треба да ги разгледаат можностите за евентуално зголемување на бројот на членови на ова тело со цел тоа посоодветно да ги претставува различните сегменти и интереси во македонското општество, потоа за директен влез на членови, за ревидирање на забраната за учество на вработени од јавниот сервис, како и за воведување на т.н. скалест мандат на членовите. МРТ треба да ја унапреди транспарентноста за својата работа и да ги развива каналите и механизмите за комуникација со публиката.

Ова се главните препораките од компаративна анализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на Македонија, Хрватска и Словенија, што ја подготви м-р Љиљана Митевска.

Целосниот извештај од анализата е достапен во прилог.

pdfАнализа на програмските совети на јавните радиодифузни сервиси на МК, ХРВ и СЛО2.31 MB