|
Среда, 17 Јуни 2009 14:34 |
Проектот за унапредување на медиумската писменост во образованието претставува новина, која е во насока на модернизација на едукативниот процес во Македонија во согласност со светските глобализациски трендови. Медиумската писменост ќе им овозможи на младите генерации критички да ги анализираат содржините во традиционалните и во новите медиуми, да направат разлика меѓу квалитетна и неквалитетна информација, но и полесно да пристапат до релевантни и авторитетни извори на информација, што придонесува кон натамошен развој на демократијата во Македонија. Ова се некои од клучните моменти на кои се осврна министерот за образование и наука, Перо Стојановски, во своето обраќање по повод презентацијата на проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“, што беше промовиран на прес-конференцијата, која ја организираше МИМ на 17 јуни 2009 година.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Четврток, 30 Април 2009 17:28 |
|
Неопходноста од измени во изборното законодавство што ја регулира работата на медиумите во предизборниот период, како и потребата од организирање почести дебати помеѓу медиумите и политичарите, но и во програмската понуда на редакциите, се меѓу поважните заклучоци упатени од трибината „Како медиумите информираа за изборите 2009,“ што се одржа на 30 април 2009 во организација на Македонскиот институт за медиуми, а по повод одбележувањето на 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот. |
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 28 Април 2009 13:57 |
|
По повод 3 мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот, Македонскиот институт за медиуми организира два настани, чија цел е да се поттикне медиумската дебата за неколку аспекти на слободата на информирањето во земјава. Првиот настан, дебатата со наслов “Како известуваа медиумите за изборите”, ќе се одржи на 30 април 2009, во салата “Дипломатик” на управната зграда на Скопски саем, со почеток во 10 часот. На овој настан ќе биде претставен финалниот Извештај од мониторингот на МИМ за медиумското претставување на изборната кампања за претседателските и локалните избори 2009, подготвен од страна на проф. д-р Весна Шопар, со кој беа опфатени поголем дел од влијателните национални и локални медиуми во Македонија. Учесници во дебатата ќе бидат главни уредници и новинари од највлијателните национални и локални електронски и печатени медиуми, пратеници и други претставници на најрелевантните политички партии, претставници на регулаторните тела (Совет за радиодифузија, Државна изборна комисија), медиумски експерти и универзитетски професори со експертиза од областа на комуниколошките науки и изборната регулатива.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Петок, 13 Февруари 2009 13:31 |
|
Детаљно запознавање со Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и со уставно загарантираното право на слободен пристап до јавните информации е целта на обуките што МИМ и Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер (КОМСПИ) ги спроведуваат во рамки на заеднички проект што се имплементира во периодот септември 2007-септември 2009 година. Во овој периодот континуирано се организираат дводневни обуки за околу 1000 службени лица од институциите задолжени за спроведувањето на Законот, а кон крајот на минатата година беше издаден и прирачник за службените лица и други материјали со информативна содржина. |
|
Повеќе...
|
|
Среда, 11 Февруари 2009 09:39 |
|
Како регулативата за покривање на изборните активности се одразува на работата на медиумите беше главна тема на која дискутираа претставници на медиумите, Државната изборна комисија, Советот за радиодифузија, политичките партии и меѓународните организации на дебатата која се одржа во организација на МИМ и на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на 10 февруари 2009. |
|
Повеќе...
|
|
|
|
|
|