Проекти 2008
Обуки за комуникација со медиуми за државните службеници PDF Печати Е-пошта
Среда, 17 Декември 2008 11:37

Во периодот од 20 ноември до 17 декември годинава, Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во соработка со Секретаријатот за европски прашања(СЕП) и Регионалниот тренинг центар за комуникација при Министерството за одбрана реализираат серија обуки за лицата одговорни за односи со јавноста и комуникација во министерствата и во другите органи на државната управа.

Повеќе...
 
Односи со јавноста (ПР)– Професија, предизвик или пропаганда PDF Печати Е-пошта
Вторник, 16 Декември 2008 14:37

Настанот ќе се одржи на 26 мај 2008 година (понеделник) во 11 часот во Стопанската комора на Македонија на V спрат.

Целта на овој настан е да се отворат прашањата врзани за професијата односи со јавност и корпоративни комуникации, професија која се повеќе се развива во нашата држава. Што се односи со јавноста, каде се позиционира оваа професија, дали таа кај нас се подразбира само како пропаганда или пак, како комуницирање и информирање насочено кон целните публики; професионалците за односи со јавност се повеќе се присутни во Македонија, но, какво образование е потребно за да може овие професионалци да одговорат на обврските и дали новинарското искуство е доволно за етаблирање на еден ПР експерт; постои ли свесност кај компаниите и институциите за комуникациско стратешко планирање и анализа на јавното мислење за сопствената работа, имиџот во јавноста и транспарентноста во работењето.

На тркалезната маса ќе дискутираат академски професори, практичари и професионалци за односи со јавноста.

 

 

 
Објавен почетокот на гласањето за годишната медиумска награда на граѓанското општество 2008 PDF Печати Е-пошта
Вторник, 16 Декември 2008 12:33

МИМ го објави почетокот на изборот за Годишната медиумска награда на граѓанското општество 2008.Како и изминатите години, во текот на наредните два месеци, до 15 декември 2008 година, ќе се спроведе гласање, во кое право на учество имаат сите регистрирани невладини организации од МакедониjaОваа иницијатива се спроведува во рамките на Проектот за зајакнување на граѓанското општество, финансиран од УСАИД, а имплементиран од страна на конзорциумот предводен од Институтот за трајни заедници (ИТЗ). Годинава наградата се доделува по третпат. Досегашни добитници на Годишната медиумска награда на граѓанското општество се Канал 5 и и А1 телевизија.

Додатоци:
Download this file (list-za-glasanje_2008.doc)list-za-glasanje_2008.doc[Формулар за гласање]33 Kb
Download this file (soopstenie-za-godisnata-mediumska-nagrada-na-gragjanskoto-opstestvo_2008.pdf)Целосно соопштение[Преземи]161 Kb
 
<< Почетна < Претходна 1 2 3 4 5 Следна > Последна >>

Лист 1 од 5