Настани
Медиумите и лидерството - Колку медиумите ги препознаваат и афирмираат вредностите на лидерството? PDF Печати Е-пошта
Четврток, 19 Август 2010 14:14

„Медиумите и лидерството - Колку медиумите ги препознаваат и афирмираат вредностите на лидерството?“ е дебатата која Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста ја организираат денеска (20 август) од 16:30 часот во Конгресен центар - Охрид.

Дебатата ќе се фокусира на улогата на медиумите во препознавање и афирмација на доброто лидерство, како предуслов за севкупен развој на општеството.

На неа ќе учествуваат 40-тина учесници од Школата за лидери и релевантни претставници од националните медиуми.

Повеќе...
 
Медиумска писменост за демократски ангажирани млади генерации PDF Печати Е-пошта
Четврток, 13 Мај 2010 09:37
Во процесот на образование, воспитување и социјализација на младите, денес голема улога играат и медиумите, а не само семејството и училиштето, поради што децата треба да научат како да ги користат медиумите и како да ги интерпретираат нивните пораки. Медиумската писменост им овозможува на учениците да стекнат способност критички и аналитички да ги восприемаат информациите, а не да бидат пасивни приматели на сето она што им се сервира преку медиумите. Медиумската писменост ги подготвува младите за вклучување во демократските процеси.
Повеќе...
 
Конференција за медиумската писменост како начин за вклучување на младите во демократските процеси PDF Печати Е-пошта
Петок, 07 Мај 2010 13:38

Медиумската писменост, како нов пристап при предавањето на наставните содржини, и како начин за развивање на критичките и аналитичките способности на младите луѓе, ќе биде тема на конференцијата „Медиумска писменост – поттикнување на учеството на младите во демократските процеси“, што ќе се одржи на 11 мај 2010 година во хотелот Холидеј ин во Скопје, со почеток во 10 часот. Овој настан е дел од проектот „Унапредување на медиумската писменост во образованието во Македонија“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за демократија „Societas Civilis“ – Скопје и Европскиот центар за новинарство од Холандија, во соработка со Министерството за образование и наука на Република Македонија и Бирото за развој на образованието.

Целта на конференцијата е да собере врвни експерти од земјава и од странство кои ќе разменат знаења и искуства за медиумската писменост и на тој начин да го популаризира овој современ пристап кон образованието меѓу пошироката научно-образовна и медиумска јавност. За таа цел се поканети експерти од Светската асоцијација на весници и новински издавачи, претставници од холандскитe невладини организации Кениснет и Крант ин де Клас, коишто години наназад работат на полето на медиумската писменост, како и видни медиумски професионалци, наставници, претставници на владини институции, на невладниот сектор и експерти од оваа област од Македонија.

На конференцијата ќе бидат промовирани „Прирачник за наставници за изучување на медиумската писменост во наставата по мајчин јазик“ што ќе биде достапен на македонски, албански, српски и турски јазик, како и интернет-страницата за медиумска писменост на која сите заинтересирани за областа на медиумската писменост ќе може да најдат повеќе информации, содржини и материјали.

Инаку, досега во рамки на проектот беа одржани 20тина обуки за медиумска писменост, од вкупно предвидени 55, за сите наставници по мајчин јазик од основните и од средните училишта низ Македонија.

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, преку програмата МАТРА.


 

 
Тркалезна маса на тема „Професионалните стандарди во односите со јавноста“ PDF Печати Е-пошта
Среда, 14 Април 2010 13:13
На тркалезната маса која ќе се организира во рамките на Деновите на високото образование, на 15 април (четврток) 2010 година, од 11 до 13 часот, во Дипломатик сала, Конгресен центар на Скопскиот саем ќе бидат претставени резултатите од онлајн истражувањето кое на оваа тема го спроведе Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Во него зедоа учество претставници на приватни компании, државни институции и јавни претпријатија, единици на локална самоуправа, агенции за односи со јавноста, невладини организации и меѓународни организации. Read More Покрај тоа, на тркалезната маса со свои излагања ќе се претстават и истакнати експерти и професионалци од областа на комуникациите и односите со јавноста во Република Македонија.
Додатоци:
Download this file (agenda finalna.doc is.doc)Агенда[Преземи]62 Kb
Download this file (pokana finalnac 1.doc)Покана за учество на тркалезна маса[Преземи]99 Kb
Повеќе...
 
Спроведени 4 студиски посети на новинари на настани за промовирање на резултати на граѓанските организации PDF Печати Е-пошта
Вторник, 22 Декември 2009 13:11

На тркалезната маса која ќе се организира во рамките на Деновите на високото образование, на 15 април (четврток) 2010 година, од 11 до 13 часот, во Дипломатик сала, Конгресен центар на Скопскиот саем ќе бидат претставени резултатите од онлајн истражувањето кое на оваа тема го спроведе Високата школа за новинарство и за односи со јавноста. Во него зедоа учество претставници на приватни компании, државни институции и јавни претпријатија, единици на локална самоуправа, агенции за односи со јавноста, невладини организации и меѓународни организации. Read More Покрај тоа, на тркалезната маса со свои излагања ќе се претстават и истакнати експерти и професионалци од областа на комуникациите и односите со јавноста во Република Македонија.

Повеќе...
 
<< Почетна < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 Следна > Последна >>

Лист 1 од 8