|
Среда, 07 Јули 2010 12:20 |
 Потребни се подобрувања во системот на управување и надзор над МРТ кои ќе обезбедат институционална автономија и уредувачка независност, градење на поодржлив систем на независно финансирање на јавниот сервис, обновување на продукцијата, жанровска разновидност и поголема застапеност на информациите и случувањата вон главниот град на програмите на МРТ, враќање на третиот (Собранискиот) канал под уредувачката „капа“ на МРТ, и итно интензивирање на процесот на дигитализација и техничко обновување на сервисот, со цел тој да се оспособи да ја обавува својата важна улога во новата, дигитална ера. Ова се некои од клучните препораки кои произлегуваат од Анализата на јавната радиодифузија во Република Македонија во контекст на европската медиумска политика, која беше претставена денес на прес конференција одржана во Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
|
|
Повеќе...
|