Oбјавен финалниот извештај од медиумскиот мониторинг за изборите 2011

Целта на мониторингот беше да се утврди дали медиумите ги почитуваат професионалните стандарди при известувањето во текот на кампањата и кои се темите на кои новинарите критички се осврнуваа во известувањето. Предмет на мониторингот беа 13 национални медиуми, две недели пред одржувањето на парламентарните избори, на 5 јуни 2011 година.
Извештајот е дел од заедничкиот проект за интегриран мониторинг на изборите „Мојот избор 2011“, кадешто, заедно со МИМ, беа вклучени и Македонскиот центар за меѓународна соработка и  Институтот за демократија.

Целосен извештај „Мојот избор 2011“