| Објавен конкурсот за наградата Даниел Перл 2010 за најдобро меѓународно новинарско истражување |
|
|
|
| Вторник, 17 Ноември 2009 11:16 | |||
|
Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи (ICIJ) и проектот на Центарот за јавен интегритет во Вашингтон, го објавија за отворен конкурсот за доделување на наградата Даниел Перл 2010, која се доделува за најдобро меѓународно новинарско истражување. Оваа награда е воведена од 2008 година, а именувана е според Даниел Перл, трагично загинатиот новинар на Wall Street Journal, кој во 2002 година беше убиен од страна на пакистанските милитатнти. Конкурсот е отворен за секој професионален новинар или тим од новинари без разлика на националната припадност. Основен услов за квалификација е новинарските стории да содржат известувања од најмалку две држави на теми од светско значење. Победниците ќе бидат избрани од страна на петчлено интернационално жири. За победничката сторија предвидена е награда од 5000 долари, додека за преостанатите пет финалисти наградата ќе изнесува 1000 долари. Претставувањето на наградените е предвидено во рамките на Глобалната конференција за истражувачко новинарство која ќе се одржи во Женева на 6 Април 2010 година. Сите заинтересирани учесници своите стории треба да ги испратат најдоцна до 15 јануари 2010 година. Повеќе информации можете да прочитате на следната веб страница: http://www.publicintegrity.org/investigations/icij/awards/
|





