Меѓународната федерација на новинарите најавува истрага за нарушувањето на новинарските права во Газа PDF Печати Е-пошта
Петок, 16 Јануари 2009 15:19

Меѓународната федерација на новинарите (ИФЈ)објави дека планира да организира поширока истрага за израелските акции против медиумите за време на тековниот конфликт во Газа, откако уште една зграда во која биле сместени медиумски организации беше погодена од израелски ракети. 

„Во Газа сме сведоци  на невиден и намерен напад на медиумите што ги стави новинарите и сите останати во проблематична ситуација,“ рече Ејдан Вајт (Aiden White), генерален секретар на Федерацијата. „Имаше серија такви акции, како и конкретни напори да се забранат, контролираат и да се раководат медиумите, и сето тоа бара детална истрага.“ 

 

Од Федерацијата велат дека ќе поддржат широка истрага, особено за употребата на воени средства против медиумите, што е сериозно нарушување на меѓународното право и спротивно на резолуцијата 1738 на Советот за безбедност, што обезбедува заштита на новинарите и на медиумските работници во конфликтните зони.  

Според бројни новинарски извештаи, зградата каде биле сместени неколку медиумски организации, вклучувајќи ги Ројтерс, НБЦ, Фокс Њуз, Скај Њуз, Ал-Арабија и телевизиските канали од Абу Даби во центарот на градот Газа, била погодена од израелски ракети. Двајца новинари кои работеле за Абу Даби биле повредени во нападот.

 
Од почетокот на конфликтот, Федерацијата постојано известува за нападите врз медиумите во Газа од страна на Израел. „Последниот напад против медиумите е убедлив доказ дека Израел спроведува јасна стратегија за заплашување на светските медиуми, вклучувајќи намерно убивање и повредување новинари со цел да ги одврати од независно известување за конфликтот,“ додаде Вајт.
 

За да го прочитате интегралниот текст одете на следниот линк: 

http://www.ifj.org/en/articles/ifj-plans-investigation-into-violations-of-press-rights-after-new-assault-on-media-in-gaza