Едукација

Web Cover

Стаклена соба: Дигиталниот свет - стапица за вашите лични податоци

Изложбата се состои од илустрирани постери и видео анимации, осмислени и подготвени од Тактикал Тек (Tactical Tech), меѓународна невладина организација со седиште во Берлин, коишто сликовито доловуваат какви сѐ типови податоци оставаме зад нас додека секојдневно користиме интернет. Серијалот постери даваат одговор на прашањата: зошто нашите телефонските броеви не се само наши, колку чинат „бесплатните“ апликации, како нѐ профилираат, што сѐ може да дознаат за нас преку секојдневните навики на користење и како функционира индустријата за податоци?
Obuk 11 11 Web

Медиумски клубови во 40 основни и средни училишта

Четириесет основни и средни училишта ќе добијат поддршка за основање и функционирање на медиумски клубови преку Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.   Медиумските клубови ќе почнат да работат од ноември, а целта е учениците да научат како да создаваат веродостојни и проверени медиумски содржини користејќи различни формати, вклучително и текст, видео, поткасти, блогови и фото-новинарство. Учениците, во координација со наставникот, ќе имаат можност да предлагаат и да обработуваат теми коишто се поврзани со образовниот процес и училишните активности, но и со културни, забавни, спортски или други теми кои се од интерес на младите. Со цел успешно да се реализираат активностите, на 10 и 11 ноември 2023 година беше спроведена дводневна обука за наставниците кои ќе ги водат медиумските клубови. Притоа, им беа презентирани теми и активности кои што се дел од предлог-програмата што ќе можат да ја користат при работа во медиумските клубови. Обуката ја водеа тројца обучувачи за медиумска писменост - Тамара Ќупева, Драгана Ѓореска и Сефер Тахири, со долгогодишно искуство во областите на образованието, новинарството и медиумската писменост. Оваа активност во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ ја  спроведуваат ИРЕКС, МИМ и МОФ.
Klim Prom 1

Одржани работилници за известување на теми поврзани со климатските промени и животната средина

Известувањето за климатските промени во медиумите во земјава најчесто се сведува на известување за катастрофи предизвикани од климатските промени, без детално известување и истражување за причините кои придонеле за тоа. Затоа, потребна е поголема застапеност на и потемелна обработка на темите поврзани со животната средина во медиумите, заклучија новинарите и уредниците кои учествуваа на дводневните работилници за известување за теми поврзани со климатските промени, што ги организираше МИМ. Како да се претстават податоците на разбирлив и атрактивен начин за да се заинтересира публиката, што се дезинформации за климата и како да се направи проверка на фактите, какви се глобалните климатски политики наспроти локалната перспектива за климатските промени - се само дел од темите за коишто се зборуваше на работилницата. Преку презентации, квизови и вежби, работилницата ја водеа проф. д-р Наташа Марковска од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и Александар Манасиев, долгогодишен новинар и уредник. Во наредниот период новинарите-учесници на работилницата ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за изработка на новинарски стории на теми од животната средина и климатските промени. Проектот „Зајакнување на улогата на медиумите во известувањето за климатските промени“ е поддржан од Регионалниот грант „SMART Balkan - Civil Society for a Connected Western Balkans“, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество ( CPCD), Центарoт за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM), а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка.  
Klim Prom 1

Одржани работилници за известување на теми поврзани со климатските промени и животната средина (2)

Известувањето за климатските промени во медиумите во земјава најчесто се сведува на известување за катастрофи предизвикани од климатските промени, без детално известување и истражување за причините кои придонеле за тоа. Затоа, потребна е поголема застапеност на и потемелна обработка на темите поврзани со животната средина во медиумите, заклучија новинарите и уредниците кои учествуваа на дводневните работилници за известување за теми поврзани со климатските промени, што ги организираше МИМ. Како да се претстават податоците на разбирлив и атрактивен начин за да се заинтересира публиката, што се дезинформации за климата и како да се направи проверка на фактите, какви се глобалните климатски политики наспроти локалната перспектива за климатските промени - се само дел од темите за коишто се зборуваше на работилницата. Преку презентации, квизови и вежби, работилницата ја водеа проф. д-р Наташа Марковска од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој при МАНУ и Александар Манасиев, долгогодишен новинар и уредник. Во наредниот период новинарите-учесници на работилницата ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка за изработка на новинарски стории на теми од животната средина и климатските промени. Проектот „Зајакнување на улогата на медиумите во известувањето за климатските промени“ е поддржан од Регионалниот грант „SMART Balkan - Civil Society for a Connected Western Balkans“, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество ( CPCD), Центарoт за истражување и креирање политики (CRPM) и Институтот за демократија и медијација (IDM), а финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка.  
Webinari

10.000 наставници од основните училишта ги проследија ЕДУИНО-вебинарите за медиумска писменост

10.000 наставници од основните училишта имаа можност да проследат пет вебинари на теми поврзани со медиумската писменост организирани преку ЕДУИНО-платформата. Наставниците беа запознати со концептот на медиумската писменост и неговата улога во образовниот процес, со цел да можат понатаму да ги пренесат знаењата и вештините на учениците во рамки на наставата. Истакнати обучувачи од областа на медиумска писменост говореа за теми кои ќе бидат опфатени во новата наставна програма од 1 до 9 одделение, како што се: Новите медиуми и социјалните мрежи, Родителите и децата од дигиталната генерација, Визуелни дезинформации и фотофорензика, Говор на омраза во онлајн медиумите и Стереотипи и предрасуди. Оваа активност се спроведува во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ во организација на Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС, а во соработка со СмартАп и Бирото за развој на образованието кои ја администрираат ЕДУИНО-платформата, како и со Министерството за образование и наука. Како обучувачи на вебинарите беа вклучени наставници, професори, новинари и едукатори кои имаат искуство во областа на медиумската писменост – Сеад Џигал, Тамара Ќупева, Ирена Христовска, Драгана Ѓореска, Тоше Огњанов и Диана Садику-Рамадани. Новинарот и обучувач Тоше Огњанов смета дека „со развојот на социјалните мрежи и со брзото ширење на лажните информации, потребата од медиумска писменост кај учениците стана неопходна“. Наставниците на вебинарот што тој го водеше, имаа можност да се запознаат со техниките за препознавање на визуелните дезинформации. „Верувам дека тоа ќе им помогне да ги научат учениците како да ги разоткријат лажните вести и да ја спречат штетата што тие ја носат“, нагласува Огњанов. Обучувачките Тамара Ќупева и Ирена Христовска во рамки на вебинарот Родителите и децата на дигиталната генерација презентираа содржини од Прирачникот за родители и старатели „Дигиталниот свет на генерација алфа“, што беше издаден во рамки на проектот „Младите размислуваат“. „Во фокусот на овој вебинар беа технолошките трендови и форми на дигитална комуникација на децата родени по 2010 година. Овие содржини беа од особено значење за наставниците, со цел полесно разбирање на психолошкиот и социјалниот развој на децата на оваа генерација, нивната дигитална комуникација и перцепцијата на светот, но и за да бидат директна поддршка на родителите кои се соочуваат со овие предизвици,“ истакнуваат обучувачките и авторки на Прирачникот. Наставниците кои присуствуваа на вебинарите ќе имаат можност да добијат и сертификати за стекнато знаење. Вебинари на темата медиумска писменост ќе бидат и понатаму организирани за наставниците од основно и од средно образование.  
Ythink

Средба со директорите на основните училишта за вклучување на медиумската писменост во наставата

Како дел од процесот на подготовка на новите наставни програми, Бирото за развој на образованието со поддршка на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ започна со вклучување на медиумската писменост и критичкото размислување во одделенската настава, а целта е овие содржини да станат дел од програмата во целото основно образование. Со цел поефикасно да се пренесат содржините поврзани со медиумската писменост на час и да бидат разбирливи за учениците, минатата година беа обучени 3.000 наставници од 2 и 5 одделение, а обуките ќе продолжат и во текот на следната година. Во меѓувреме се подготвуваат прирачници за наставници од 1 до 5 одделение, како и концепт за медиумска писменост. Ова се некои од клучните информации кои ги истакна Михајло Лахтов, директор на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, на состанокот на кој присуствуваа над 200 директори на основните училишта. Целта беше директорите да се запознаат со активностите кои ќе се спроведуваат во училиштата преку Проектот „Младите размислуваат“, со цел тие да го поддржат процесот на вклучување на медиумската писменост во наставата.  Директорот на Бирото за развој на образованието, Зекирија Хасипи, порача дека улогата на Бирото, како и на раководителите на училиштата е да помогнат „во ширењето на медиумската писменост и да поттикнат поефикасно и побрзо спроведување на обуките на наставниците кои овие наставни содржини ќе ги пренесуваат на учениците.“ Директорката на МИМ, Билјана Петковска, ја истакна важноста на поддршката од страна на институциите, директорите и наставниците за успешно вклучување на медиумската писменост во формалното образование. „Со тоа ќе им помогнеме на младите да развијат вештини за критичко размислување и критички пристап кон информациите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации, со што ќе придонесат за градење активно и одговорно граѓанство“, рече Петковска. Состанокот со директорите на основните училишта беше организиран во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведува ИРЕКС во партнерство со МИМ, ИКС и МОФ, и во соработка со Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука.  Прирачникот за обучувачи за медиумска писменост може да го најдете тука: Прирачник за обучувачи (МК)Manual për trajnerë (АЛБ) Курсот „Добро проверено“ може да го најдете тука: https://verified-education.org/  (МК) Снимен материјал од состанокот со директорите може да најдете тука: https://youtu.be/PhLKnQKtmC8 Презентација од состанокот со директорите на ОУ3.93 MB  
Back To Basics Cover Scaled

Враќање кон основите: Работилница за основните новинарски принципи во Подгорица

Осумнаесет новинари од Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Северна Македонија учествуваа на едукативната работилница „Враќање кон основите“, што се одржа во Подгорица на 27 и 28 јануари 2023. Главна тема на работилницата, наменета за новинари кои се на почеток на кариерата беа основните принципи на новинарството. Тимот обучувачи ги водеше учесниците низ три важни и во денешно време понекогаш занемарени области во програмите за обука и образование на млади професионални новинари: етиката во медиумите, традиционална проверка на факти и вештини за интервјуирање. Зборувајќи за различни професионални дилеми и предизвици со кои се соочил низ својата педесетгодишна новинарска кариера, Ненад Пејиќ дискутираше со учесниците за важноста на етиката во медиумите и новите етички предизвици што се појавија во последните децении. „Новинарите никогаш не треба да претпостават дека научиле сѐ што може да се знае за овој аспект од професијата“, објасни Пејиќ. „Етиката во медиумите е постојан принцип, не е некоја теорија што еднаш ќе ја усвоите и тоа е тоа. Се работи за практична, а не теоретска активност,“ додава Пејиќ. Фото: Ненад Пејиќ држи предавање за етика во медиумите Пејиќ истакна дека му е мило што учесниците биле активни со желба да стекнат нови знаења и вештини, иако понекогаш биле збунети кога се соочувале со различни етички дилеми во новинарската пракса. „Беа со отворени умови, посебно кога дискутиравме за важни чекори во новинарството коишто имаат тенденција да ги прескокнат, а тоа го препознаа како нивна слабост“, нагласи Пејиќ. Жарка Радоја, новинарка и уредничка од Србија која одржа предавање за традиционалната проверка на факти и важноста на контекстот во новинарството, истакна дека била многу мотивирана од заинтересираноста на учесниците и нивното активно вклучување во практичните вежби. „Беше многу занимливо да се гледа како размислуваат учесниците кои работат во различни видови медиуми - телевизија, истражувачки медиуми, од новинари кои работат за информативни агенции до оние кои имаат доволно време да размислат за можните теми на нивните стории“, објаснува Радоја.  Фокусот на нејзиното предавање беа основните чекори за верификација и објасни како традиционалните начини на кревање телефон и јавување на можните извори е сѐ уште важно. „Експлозијата на дигиталните алатки направи да заборавиме дека може да добиеме некој на телефон или преку СМС, наместо да праќаме пораки преку мобилни апликации. Денеска, повеќе учиме за дигиталните алатки отколку за основите на новинарството“, вели Радоја. Како основа на речиси сите новинарски жанрови, усовршувањето на вештините за интервјуирање е важен чекор за новинарите кои се на почеток на кариерата. Петар Комнениќ, автор на емисијата „Начисто“, популарна ТВ-програма на црногорската телевизија „Вијести“, сподели корисни совети и трикови како да се направи вистински избор на прашања и соговорници. Сепак, оваа новинарска вештина може да се усовршува само со искуство, објаснува Комнениќ.   „Постои одредена теоретска основа, но, новинарството е вештина и се усовршува преку различните ситуации во коишто ќе се најдете. Дури и денес се наоѓам во различни ситуации и секоја е посебна. Подоцна, ќе имате рефлексивна реакција за она што ви го носи професијата“, исткана Комнениќ. Фото: Практична вежба за време на сесијата за вештини за интервјуирање Младата новинарка од Албанија, Оливерда Алмука, беше една од учесниците на дводневната работилница. Таа верува дека едукативните активности како оваа нудат единствена можност за новинарите кои вообичаено се повеќе зафатени за да ги дискутираат дилемите на нивната професија.   „На пример, во Албанија, младите новинари веднаш се зафаќаат со работа и немаме време да дискутираме што всушност се случува со новинарството. Сѐ се менува и еволуира и мора да ги гледате работите од различни перспективи, но ние не го правиме тоа затоа што немаме време“, смета Алмука. Работилницата „Враќање кон основите“ беше воведна активност во рамки на проектот „Зајакнување на критичкото новинарство во Западен Балкан“, што го спроведува Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), во партнерство со „Transition“ од Прага, БИРН Косово и членките на СЕЕНПМ: Медиацентар Сараево, Институтот за медиуми на Црна Гора, Албанскиот медиумски институт, Новосадската новинарска школа и Македонски институт за медиуми. Проектот е поддржан од Национален фонд за демократија (National Endowment for Democracy - NED). Двегодишниот проект ќе се фокусира на подготовка на квалитетни медиумски содржини, вклучително и прекугранични стории, развивање на нови програми за образование, како и обуки и консултации за новинарите и уредниците во Западниот Балкан. 
Rab Mp Web

Работилници за дезинформации, дигитална приватност и безбедност на интернет

Над 70 ученици од средните скопски училишта „Орце Николов“, „Васил Антевски-Дрен“ и „Никола Карев“ учествуваа на три интерактивни работилници на кои дознаа повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење и добија конкретни совети како паметно и одговорно да се користи технологијата. Темите на работилниците се поврзани со Упатството за детоксикација кое е подготвено како дел од изложбата „Стаклена соба - Погрешни информации и манипулации на интернет“. Изложбата е осмислена и подготвена од Тактикал Тек (Tactical Tech), меѓународна невладина организација со седиште во Берлин. Работилниците за млади се одржаа во Европска куќа во Скопје, во организација на Македонскиот институт за медиуми со поддршка од Делегацијата на Европската Унија. 
Left Handed Man Writes

Бесплатни онлајн ресурси за новинарска едукација

Ако претпоставиме дека новинарите имаат мотив и желба за едукација, но сметаат дека немаат доволно време физички да посетат некој курс, тогаш решението е во бесплатните онлајн алатки и сервиси за едукација. Новинарството е динамична професија што постојано се менува. Новинарите и медиумите е потребно да се приспособат на промените, а голем дел од тоа приспособување подразбира учење и постојано надоградување на вештините. Најчесто потребата за едукација е иницирана од технолошките промени. Па, така, кога се појавил персоналниот компјутер, а потоа и интернетот, новинарите морале да научат како да ги користат, бидејќи без нив новинарската работа стана невозможна. Слично е и со појавата на мобилниот телефон. Во денешно време тој е моќна алатка, која има потенцијал да ги замени фотоапаратот и компјутерот и за многу новинари е единствената алатка со која самостојно може да креираат и да објавуваат приказни, фотографии, видео... Но, технологијата не е единственото нешто што ја актуализира потребата за едукација. Некогаш тоа е предизвикано од актуелните глобални случувања какви што се војните, пандемиите, климатските промени и слично. Поради овие фактори се зголемува и потребата од поголемо знаење од областите што ги покриваат новинарите, со цел да можат да креираат релевантна новинарска приказна. Тоа најдобро го илустрираше пандемијата со ковид-19 кога голем дел од медиумите го свртеа фокусот кон овој проблем, притоа соочувајќи се со недостиг на знаење во самите редакции за тоа што е пандемија, недоволно знаење за вакцините и слично, што резултираше со намерно или ненамерно ширење дезинформации, кои на крајот му штетат на секое општество. Глобалните конфликти и воени состојби како онаа во Украина создаваат потреба од што поголема едукација на новинарите за темите како безбедно известување од конфликтни ситуации, справување со траума и слично. Имаат ли новинарите време за едукација? Фото: freepik.com Обременети со многу работа во редакциите, голем број новинари објективно имаат малку време или воопшто немаат време да посетат курсеви каде што би ги надградиле своите вештини. Дел од новинарите немаат ниту мотив ниту желба бидејќи сметаат дека тоа нема да донесе никаква промена на финансиски план во нивните матични редакции и тоа е сосема разбирливо. Но, факт е дека преку едукација и зајакнување на вештините, новинарите може да станат подобри, поефикасни, поконкурентни на пазарот и на крајот позадоволни од трудот што го вложуваат. Колку време е потребно? Ако претпоставиме дека новинарите имаат мотив и желба за едукација, но сметаат дека немаат доволно време физички да посетат некој курс, тогаш решението е во бесплатните онлајн алатки и сервиси за едукација. Ги има во голем број и на различни јазици, доколку имате проблем со англискиот или со другите јазици. Голем дел од овие курсеви или онлајн платформи за едукација овозможуваат да ги следите по сопствена динамика, односно по сопствено темпо. Материјалите се достапни и вие може да ги читате, да ги гледате, да ги слушате, каде сакате и кога сакате. Колку време ви е потребно? Секако дека што повеќе време вложите во едукација толку подобро ќе научите. Сепак, од лично искуство сите ние немаме доволно време и некогаш мора да се направи компромис помеѓу желбата и реалноста. Токму затоа вкупно два до три часа вложени во текот на една недела или околу 45 минути дневно во текот на 3-4 дена се доволни да направат сериозна промена во вашето знаење за одреден проблем што сакате да го совладате, било да станува збор за хардвер, софтвер или за област што треба да ја совладате или за која треба да известувате. Реално, толку, ако не и повеќе време, трошите на пиење кафе. Научи, па примени Фото: freepik.com Најважното од сè, без разлика дали учите како се користи мобилен телефон за снимање видео или, пак, софтвер за креирање инстаграм-приказни, потребно е наученото да го употребите во практика и тоа кратко време откако ќе го посетите курсот. Ако нешто што сте научиле не го употребите во првата недела, тогаш многу веројатно е дека никогаш нема да го примените бидејќи наученото лесно ќе се заборави. Дури и да не можете да ја објавите приказната, тестирајте самите каков производ можете да креирате применувајќи го наученото. Не очајувајте ако не ви успее од прва или ако не сте задоволни од конечниот исход. Никој не научил од прва, потребно е практика, практика и само практика. Во продолжение следуваат некои од најкорисните бесплатни онлајн ресурси за новинарска едукација. Ресурси на Гугл и на Фејсбук Алатките на Гугл ги користиме секојдневно во нашата работа, но и во приватниот живот. Гугл е дел од нашето секојдневие било да станува збор за користење само на пребарувачот или на алатките како Google Earth. Сепак, Гугл нуди многу повеќе за нас новинарите преку Google News Initiative и Google News Lab. Има голем број ресурси за едукација на новинарите главно за напредно користење на алатките на Гугл. На пример, курсот насловен како „Основи“ трае 80 минути и содржи 12 лекции за зајакнување дигитални вештини преку учење напредни техники на познати алатки како пребарувачот Google, Google Maps и Google Trends. https://newsinitiative.withgoogle.com/resources/google-news-lab/ Има голем број курсеви и други ресурси каде што можете да поминете и неколку месеци збогатувајќи го вашето новинарско знаење и подобрувајќи ги вашите вештини не само за конкретни алатки на Гугл, туку и за покривање конкретни теми какви што се избори, екологија, пандемии и слично. Фејсбук за новинари Facebook for journalists е уште еден таков проект, чија цел е да им помогне на новинарите полесно да „пливаат“ низ социјалните медиуми кога креираат новинарски приказни. Овде можете да најдете курсеви за тоа како најдобро да ги користите Фејсбук и Инстаграм во вашата работа, како да се поврзете со вашата публика, како да користите 360 степени видео и голем број упатства за тоа како да останете безбедни додека ја извршувате новинарската работа. Ресурси на УНЕСКО Организацијата за образование, наука и култура на ООН, УНЕСКО, има посебен дел посветен на новинарската едукација каде што засега има 17 прирачници за различни области поврзани со новинарството и со медиумите. Има прирачници од тоа како да известувате за мигранти, за екстремизам и слично. Покрај тоа, има снимени курсеви, вебинари и тренинзи за специфични теми, а ако сакате да истражите повеќе, има линкови до релевантни курсеви и тренинзи како, на пример, курсот „Слободен пристап до информации од јавен карактер“.  Онлајн курсеви што сами ги посетувате https://reutersdigitaljournalism.comБесплатни онлајн ресурси за едукација нудат и големите медиумски компании какви што се Ројтерс, АФП и фондациите како Томсон. Овие курсеви можете да ги посетите во кое било време и од кој уред сакате, а можете да ги завршите кога сакате, односно сами управувате со времето.Ројтерс нуди курс за дигитално новинарство што е креиран во соработка со Мета, компанијата порано позната како Фејсбук. Покрај на англиски, курсот е достапен и на 15 други јазици, но, за жал, ниту еден од балканските простори. Новинарски курсеви на македонски јазик, албански јазик и на БХС јазиците има фондацијата Томсон. Има курсеви за употреба на мобилен телефон во креирање приказни, курсеви за новинарство за повеќе платформи, како да се остане безбеден при покривање протести како и курсеви за специфични теми како креирање поткасти, покривање пандемии и екологија. Најнов е курсот што се спроведува преку Телеграм, а се однесува на тоа како новинарите треба да реагираат при хемиски напад. Агенцијата Франс прес (АФП) нуди серија онлајн курсеви што исто така се бесплатни, јазикот е доста едноставен и начинот на презентирање на материјалот е привлечен. Курсевите се поделени во три нивоа, почетно, средно ниво и напредно ниво, во зависност од тоа која е вашата стартна позиција, односно колку имате претходно знаење. Голем дел од овие платформи се одлични и за млади новинари, но и за поискусни, кои сакаат да научат нешто повеќе за новите трендови во новинарството. Речиси сите овозможуваат да се стекнете со сертификат за завршениот курс. Алатки за креирање/раскажување новинарски приказни Постојат голем број ресурси и бесплатни алатки што како новинари може да ви користат во секојдневното прибирање информации, при обработка на тие информации, но и во презентирање на информациите. Сепак, не можете секаде да најдете и упатства и насоки како тие се користат. Во таа насока одличен ресурс за алатки, но и за практични примери како се користат, има Knight Lab во делот на Алатки за раскажување приказни (Storytelling Tools). http://www.journaliststoolbox.orgОвде можете да најдете интересни алатки за креирање мултимедијални приказни, но и упатства како се користат. Има готови алатки, алатки што се во фаза на тестирање како и експериментални проекти. Најдоброто е тоа што сите ресурси се бесплатни.Гугл исто така има сериозно добри алатки што се бесплатни, а кои се наменети за новинари и за истражувачи во делот Jorunalist Studio. Интересна и моќна алатка е на пример Pinpoint, која служи за брзо пребарување и анализирање големи бази со документи, но и за креирање текст од аудиофајлови. Потоа може да се обидете и со алатката за пребарување на отворените бази на податоци Google Public Data Explorer. Journalist’s Toolbox е уште еден одличен ресурс што треба да го проверите. Има одлични упатства, кои тешко дека ќе ги сретнете на друго место, како, на пример, како да известувате од Светското првенство во фудбал, како да пребарувате шопинг трендови или, пак, алатки што ќе ви помогнат да известувате за урагани. Ова се само мал дел од морето бесплатни ресурси што може да се најдат онлајн. Секако дека има уште многу други што не се спомнати овде, а кои може да се еднакво добри и корисни. Она што е најважно е да го направите првиот и најтежок чекор, а тоа е да кликнете на некој од линковите и да ги посетите курсевите. Автор: Александар Манасиев Текстот е подготвен во рамки на проектот „Fostering Improved Media Standards”, што го координира Мрежата за професионализација на медиумите во Југоисточна Европа (СЕЕНПМ), чија што членка е МИМ. Проектот е поддржан од „National Endowment for Democracy“ (НЕД).