Работилници за планирање на ефикасни интерактивни јавни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието

Се чита за 0 мин.

Како да комуницираме со различни целни групи, како да подготвиме ефикасни јавни презентации, како да препознаеме стереотипи и говор на омраза и да го избегнеме нивното користење во училиштата и јавната комуникација? Ова се само дел од содржините кои беа опфатени на работилниците со членовите на училишните тимови за интеграција, што се одржаа во текот на 2013 и 2014 година.

Slika 003Циклусот работилници за планирање на ефикасни интерактивни јавни презентации во контекст на меѓуетничката интеграција во образованието го спроведоа обучувачи од МИМ во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. На работилниците учествуваа повеќе од 150 претставници на тимовите за интеграцијата од основните и средните училишта од целата земја.

Покрај теоретските предавања, учесниците на работилниците работеа и конкретни вежби за планирање и подготовка на кратки изјави и настапи пред специфична целна публика. На крајот од секоја работилница, преку играње на улоги, учесниците поделени во тимови дебатираа и ги спротивставуваа ставовите за конкретни теми поврзани со меѓуетничката интеграција во училиштата.